ПРВ.мк
Македонија

Јаневска алармира: Македонските деца губат 900 часови учење – каде исчезнува времето?

Јаневска алармира: Македонските деца губат 900 часови учење – каде исчезнува времето?
Kristal

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, истакна дека слабите резултати на македонските ученици на меѓународните тестирања како ПИСА и ТИМСС се главен поттик за започнатите крупни промени во образовниот систем пред година и половина. Овие мерки ќе продолжат додека не се постигне значително подобрување на знаењата и компетенциите на учениците.

„Фокусирани сме на оптимизација на училишната мрежа и подобрување на инфраструктурата, воведување едносменска настава и продолжен престој за учениците. Нашите деца до 15-годишна возраст сè уште минуваат 900 часа помалку во училиште во споредба со врсниците во Европа. Следната година воведуваме задолжителна обука за читање со разбирање за одделенските наставници“, изјави Јаневска одговарајќи на пратеничко прашање за квалитетот на образованието.

Министерката нагласи дека реформите се креирани со поддршка од домашни и странски експерти, како и од самите наставници, за да се овозможи креативна и ефективна настава. Стара Концепција за основно образование е продолжена со значајни измени кои ќе влијаат директно врз знаењата на учениците.

Јаневска посочи дека стручните училишта се една од силните страни на националниот образовен систем. Во последните две години, околу 17 илјади ученици се запишуваат во средно образование, од кои 12 илјади или 70% се во стручни паралелки.

„Имаме околу 4 илјади ученици во дуални паралелки каде практичната настава ја реализираат 700 компании, што е најмногу досега. Компаниите кои ги посетив се задоволни од знаењата на учениците. Затоа, ќе продолжиме да го развиваме концептот на дуално образование во соработка со бизнис заедницата и со нашите партнери од амбасадите на Швајцарија, Германија, Австрија и Шведска“, додаде Јаневска, потсетувајќи дека во земјата се основани седум регионални центри за стручно образование и обука, а осмиот ќе биде формиран следната година.

Escape