Улиците, плоштадите и сцените во Битола пред празниците заблескаа со нова светлина, создавајќи радост и предновогодишна енергија за граѓаните и посетителите, објави 4NEWS.mk.

Градот под Пелистер уште еднаш се подготви за традиционалното издание на „Зимската приказна“, која нуди богата програма и празнична атмосфера. Со новите украси и светлосни ефекти, Битола го отвори своето срце за магијата на празниците, нудејќи незаборавни моменти за сите кои ќе ја посетат.

Фотогалеријата ја доловува магијата и подготовките за уште едно весело и светлосно предновогодишно издание во центарот на градот.





















