ПРВ.мк
Македонија

Започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“ – ќе се обноват над 2,2 километри улици

Започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“ – ќе се обноват над 2,2 километри улици

Започна целосната реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, на потегот од подвозникот до третиот влез во Радишани, проект што со години беше едно од најголемите барања на жителите на Општина Бутел.

Почетокот на градежните работи го означија градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Со проектот ќе бидат реконструирани повеќе од 2,2 километри улици, ќе се изгради нов асфалтен коловоз, ќе се обноват речиси четири километри тротоари, како и нова атмосферска канализација во должина од 1.200 метри. Од општината велат дека со ова трајно ќе се подобри одведувањето на атмосферските води и ќе се намали ризикот од поплави.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека станува збор за значајна инвестиција во инфраструктурата, безбедноста и квалитетот на живот на жителите на Бутел.

Воедно, беше посочено дека паралелно привршува и изградбата на новиот мега-парк во Бутел, кој исто така претставува еден од капиталните проекти во општината.