Собранието попладнево ги верифицираше мандатите на тројцата нови пратеници: Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов.
Тие доаѓаат на местото на поранешните пратеници кои беа избрани за градоначалници на локалните избори: Бети Стаменкоска-Трајкоска во Кисела Вода, Јане Мицевски во Сопиште и Дејан Проданоски во Прилеп.
Пратеникот Мартин Стојановски влегува во Собранието на местото на Игор Никовски, кој претходно ја известил Државната изборна комисија (ДИК) дека не го прифаќа освоениот мандат.
















