Вчера во 19:00 часот во село Сарај, 28-годишник од скопско доживеа вистински ужас – кон него биле испукани неколку куршуми од огнено оружје. За среќа, успеал да избегне повреди и да остане жив.
На местото на настанот интервенирала увидна екипа од СВР Скопје, а јавен обвинител бил известен за случајот. Полицијата презема мерки за расчистување и пронаоѓање на сторителите, а истрагата е во тек.
















