ПРВ.мк
Свет

Примирјето во Газа доби зелено светло од ОН – еве кои земји го поддржаа и кои воздржано гласаа

Примирјето во Газа доби зелено светло од ОН – еве кои земји го поддржаа и кои воздржано гласаа
Kristal

Советот за безбедност на Обединетите нации го одобри мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, кој предвидува распоредување на меѓународни сили во регионот.

Тринаесет членки на Советот гласаа „за“ резолуцијата доцна синоќа, додека Русија и Кина останаа воздржани, пренесува „Бета“.

Американскиот амбасадор во ОН, Мајк Валц, го оцени документот како „историски и конструктивен“, потенцирајќи дека резолуцијата поминала низ повеќекратни измени за време на сложените дипломатски разговори.

Резолуцијата го поддржува мировниот план на претседателот Трамп, кој резултираше со воспоставување кревко примирје меѓу Израел и Хамас на 10 октомври. Примирјето беше постигнато по две години жестоки судири на палестинската територија, започнати по нападот на движењето Хамас на 7 октомври 2023 година.

Escape