ПРВ.мк
Македонија

Падна со 392 таблети бупренорфин: МВР поднесе кривична пријава против 30-годишник

Падна со 392 таблети бупренорфин: МВР поднесе кривична пријава против 30-годишник

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 30-годишниот М.М. од Свети Николе, поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според информациите од МВР, при полициска контрола извршена на 2 октомври 2025 година, кај осомничениот биле пронајдени и одземени 392 таблети бупренорфин.

По целосното документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.