ПРВ.мк
Македонија

691 санкциониран возач без возачка дозвола за една седмица

691 санкциониран возач без возачка дозвола за една седмица
Kristal

Во периодот од 30 јуни до 6 јули 2025 година, во рамки на редовните сообраќајни контроли низ целата земја, санкционирани се вкупно 691 возач поради управување без возачка дозвола, информираат од МВР, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Најмногу прекршоци се регистрирани во подрачјата на СВР Битола (136) и СВР Струмица (125), додека најмал број има во СВР Штип (35) и СВР Охрид (43). Во Скопје биле санкционирани 72 возачи, во Тетово 97, Куманово 66, а во Велес 54.

Контролите продолжуваат и во наредните денови со апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила за зголемување на безбедноста на патиштата.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo