Неексплодирана граната била пронајдена во близина на селски пат во кривопаланечко, по што веднаш биле известени надлежните служби.
Според информациите од МВР, вчера околу 14:50 часот во ОВР Крива Паланка, 54-годишниот М.С. пријавил дека во близина на селски пат во кривопаланечко село забележал граната.
На местото излегле полициски службеници, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал опасната направа за понатамошна постапка. За случајот бил извршен и увид.
Надлежните повторно апелираат граѓаните доколку пронајдат сомнителни или неексплодирани експлозивни средства, да не ги допираат, туку веднаш да ја известат полицијата или да се јават на бројот 112.










