Од вторник во Македонија се очекува стабилно и топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината, соопшти Управата за хидролошки работи.
Утре времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер, кој во Повардарието и источните делови ќе засилува. Во североисточните делови се очекува услови за локален слаб дожд.
Денеска до крајот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ветровите ќе бидат од северен правец, слаб до умерен. Максималните температури ќе се движат од 14 до 23 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност, со слаб до умерен северен ветер.