Министерството за внатрешни работи излезе со официјални детали за вчерашната акција во Струмица, при што биле уапсени тројца нарко-дилери и запленети 100 килограми марихуана. Дрогата била спакувана во шест торби, со вкупно 100 пакувања.
Претресот бил извршен врз возило „голф“ со фалсификувани таблици на улицата Климент Охридски. Приведени се тројца мажи – еден од село Попчево и двајца од скопско. Акцијата била спроведена по налог на јавен обвинител и во координација со Агенцијата за национална безбедност.
Против нив ќе биде поднесена кривична пријава, а ќе се појават пред судија во Основниот суд во Струмица.