Државните институции и јавните правни лица ќе треба најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблички на службените возила со специјални таблички во боја, со цел подобрување на транспарентноста и контролата.
Оваа мерка, усвоена на последната владина седница по иницијатива на Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи, има за цел граѓаните полесно да ги препознаваат службените возила и да се спречи нивна злоупотреба за лични или партиски цели.
Покрај тоа, ќе биде отворена телефонска линија за пријавување неправилна употреба на службени автомобили, а ќе се формира и централен регистар за службените возила, што ќе овозможи дополнителен увид и контрола.
Оваа иницијатива ја потврдува посветеноста на Владата за одговорно користење на државните ресурси и поголема отчетност кон јавноста.
Ask ChatGPT