ПРВ.мк
Свет

Од октомври крај на печатите на граница: ЕУ воведува нов дигитален систем за влез

Од октомври крај на печатите на граница: ЕУ воведува нов дигитален систем за влез
Escape

Европската унија од 12 октомври започнува со воведување на нов дигитален систем за контрола на границите наречен EES (Entry/Exit System), кој целосно ќе го замени досегашното печатирање на пасошите за граѓаните од трети земји што патуваат во Шенген зоната.

Новиот систем ќе ги бележи пристигнувањата и заминувањата на патниците дигитално, а дополнително ќе собира биометриски податоци – отпечатоци од прсти и фотографии од лице. Сето тоа ќе се прави со цел поефикасна идентификација и спречување злоупотреби со документи или пречекорувања на дозволениот престој.

Имплементацијата на EES ќе трае шест месеци, во текот на кои граничните служби во 29 земји ќе започнат постепено да го користат новиот систем.

Покрај EES, дел од новите правила е и електронскиот систем ETIAS, кој ќе биде задолжителен од крајот на 2026 година за патници од 59 држави кои немаат потреба од виза, меѓу кои се САД, Канада, Обединетото Кралство и Србија.

Иако првично беше најавено дека ETIAS ќе чини 7 евра, новата цена ќе биде 20 евра. Дозволата ќе важи три години или до истекот на пасошот, а за деца под 18 и лица над 70 години ќе биде бесплатна. Апликацијата ќе се поднесува онлајн и ќе се одобрува без посета на амбасади.

ЕУ преку овие системи најавува посигурни и побрзи гранични премини, но и зголемена контрола и безбедност во рамки на „Паметни граници“.

Mia Home Mavrovo