Воздушниот сообраќај во Велика Британија е парализиран поради ненадејно откажување на радарскиот систем. Илјадници патници се заглавени на најголемите аеродроми – Хитроу, Гетвик, Лутон и Бирмингем, без информација кога ќе можат да продолжат со патувањата.
Според објавите на патници, лондонскиот воздушен простор е целосно затворен, апликациите покажуваат стотици приземјени авиони, а таблите за летање не функционираат.
Одговорните служби велат дека се работи на проблемот, но не се знае кога ситуацијата ќе се нормализира.
Ask ChatGPT