ПРВ.мк
Свет

Четири кита исфрлени на брегот по земјотресот: Морничава сцена ги шокираше Јапонците

Четири кита исфрлени на брегот по земјотресот: Морничава сцена ги шокираше Јапонците
Escape

Само неколку часа по разорниот земјотрес од 8,8 степени што го погоди регионот Камчатка, жителите на јапонскиот град Татејама беа сведоци на шокантен и редок феномен – четири огромни кита беа исфрлени на брегот и беспомошно се бореа да се вратат во морето.

Сцената, снимена и пренесена во живо од националната телевизија NHK, покажуваше како дезориентираните китови во паника се мачат да се спасат, додека брановите удираа по брегот на префектурата Чиба.

Инцидентот се случил веднаш по појавата на цунамито, кое прво го погодило островот Хокаидо во 10:40 часот. Водата се повлекла на необичен начин, оставајќи го морскиот живот изложен и ранлив. Меѓу најпогодените – овие морски џинови, кои биле фрлени на суво од огромните бранови.

Научниците се сомневаат дека подводните промени по земјотресот и наглото повлекување на водата предизвикале дезориентација кај животните, а локалните власти и еколошки организации сега се обидуваат да ја разберат причината и да помогнат во враќањето на китовите во нивното природно живеалиште.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo