ПРВ.мк
Спорт

Артета не застанува: Арсенал блиску до нова ѕвезда за 70 милиони евра

Артета не застанува: Арсенал блиску до нова ѕвезда за 70 милиони евра
Kristal

Иако Виктор Ѓокереш веќе пристигна како големо засилување, Арсенал не ја завршува својата летна трансфер мисија. Микел Артета има јасна цел – титула во Премиерлигата, а за тоа сака уште една голгетерска опција во тимот.

Токму затоа повторно се активирани преговорите со Кристал Палас околу Еберичи Езе, креативниот напаѓач чии игри минатата сезона привлекоа сериозно внимание. Клаузулата за негово заминување изнесува 70 милиони евра, но Арсенал сака да ја структурира понудата со почетна уплата од 40 милиони и остатокот во три рати.

Палас сега е на потег – или ќе ја прифати понудата или ќе се обиде да изнуди повеќе пари.

Доколку трансферот се реализира, Арсенал ќе добие навистина опасна офанзива, со Ѓокереш, Сака, Мартинели и потенцијално Езе – комбинација која може да донесе трофеј во северен Лондон по долга пауза.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo