ПРВ.мк
Македонија

Министерот за здравство со јасна порака: Државата ќе им помага на пушачите да се откажат од цигарите - еве како!

Министерот за здравство со јасна порака: Државата ќе им помага на пушачите да се откажат од цигарите - еве како!
Kristal

Примарната цел на новиот предлог-закон за заштита од пушењето е превенција на штетните последици по здравјето, а не казнување на граѓаните, порачува министерот за здравство Азир Алиу.

Според Алиу, законското решение е насочено кон подигнување на јавната свест и создавање системска поддршка за лицата кои сакаат да се откажат од пушењето, без нивно стигматизирање.

„Новиот предлог-закон за заштита од пушењето предвидува мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста. Пораката која ја испраќаме е дека системот им помага на пушачите да се откажат од пушењето, без притоа да бидат стигматизирани“, истакнува Алиу.

Во рамки на законот се предвидуваат обврски за спроведување превентивни програми за откажување од пушењето, советувалишта, едукативни активности и континуирана поддршка за граѓаните во процесот на справување со никотинската зависност.

Министерот нагласува дека зависноста од никотин не е прашање на навика, туку сериозен медицински и јавноздравствен проблем, кој бара системски и одговорен пристап.

„Докажано е дека превенцијата е поефикасна и поевтина од лекувањето. Затоа, примарната цел на овој закон не е да казнува, туку да ги превенира штетните последици од пушењето“, додава Алиу.

Истовремено, со законските одредби јасно се дефинираат надлежностите на инспекциските служби, санкциите за непочитување на прописите, како и улогата на локалните самоуправи во спроведувањето и надзорот над примената на законот.

Од Министерството за здравство порачуваат дека ваквиот пристап има за цел долгорочно подобрување на јавното здравје, намалување на болестите поврзани со пушењето и создавање средина која ги охрабрува граѓаните да донесуваат поздрави животни одлуки.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape