ПРВ.мк
Македонија

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Правдата што доцни не е правда - до кога ќе чекаме?

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Правдата што доцни не е правда - до кога ќе чекаме?
Kristal

Со силна порака дека „правдата што доцни не е правда“, денеска во Кочани се одржа 36. по ред „Марш за ангелите“, на кој семејствата на загинатите во трагичниот пожар во т.н. кабаре „Пулс“ уште еднаш ги потсетија институциите дека трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, не смее да заврши во заборав или одолговлекување.

Маршот се одвиваше по утврдена рута, од „Паркот на револуцијата“ до зградите на Основното јавно обвинителство Кочани и Судот. Родителите јавно поставија прашања и упатија директни пораки до надлежните, истовремено изразувајќи поддршка и за лицата против кои е поднесена тужба од страна на синот на сопственикот на „Пулс“ за демолирање на кафулето „Класик“ во трговскиот центар во Кочани, со побарувања за отштета од 1,2 милиони денари.

Семејствата потсетија дека сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михајло Јованов се меѓу првообвинетите во судската постапка за пожарот, која сè уште е во тек. Тие побараа и одговор за статусот на истрагата против полициските службеници кои биле присутни во објектот кобната вечер. Поранешниот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски, пред поднесувањето на оставката, најавуваше дека одлука за истрагата против околу триесетина полицајци ќе има до средината на декември минатата година, но повеќе од еден месец подоцна, јавноста сè уште нема добиено информација.

„Доста е. Предолго Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја влече постапката што почна на 12 јуни 2025 година. Со месеци слушаме дека е во завршна фаза, а одлука нема. Во трагедија од вакви размери, секое доцнење е неправда. Бараме рок, одлука и одговорност. Нема да дозволиме овој случај да стане уште една затурена папка. Ќе бидеме тука додека правдата конечно не биде испорачана“, изјави Верица Трифунова, мајка на починатата Моника Спасова.

Дополнително, семејствата поставија прашања за тоа како лица поврзани со трагедијата можат слободно да располагаат со имот, без судска забрана и контрола на потеклото на средствата. „Ова не е лична прозивка, туку прашање за еднаквост пред законот“, порача блиска на една од жртвите.

Маршот започна со едноминутен молк во чест на Фросина Кулакова, млада дизајнерка која пред една година загуби живот на пешачки премин во Скопје. Родителите нагласија дека „Маршот за ангелите“ е **борба за правда за сите млади животи изгубени поради системски пропусти, неодговорност и незаконско работење“.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape