Педесет и едногодишен жител на Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од мотоцикл на подрачјето на Општина Аеродром.
Од МВР информираат дека на 3 август во 21:30 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив е донесен повредениот К.И. (51) од Скопје.
Според информациите, несреќата се случила на 2 август околу 20:00 часот, кога тој, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.
Дополнителната полициска проверка покажала дека скопјанецот немал возачка дозвола, а мотоциклот што го управувал не бил регистриран.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик.









