Голем пожар избувна попладнево во околината на Визбегово, при што густ црн чад се издига над местото и е видлив од повеќе делови на Скопје.
Засега нема официјални информации што точно е зафатено од огнот, ниту што ја предизвикало огнената стихија.
Во моментов не е познато дали има повредени лица или е причинета поголема материјална штета.
Се очекува надлежните служби наскоро да соопштат повеќе детали за интервенцијата на пожарникарите, причините за пожарот и евентуалните последици од инцидентот.








