ПРВ.мк
Македонија

ВОЗАЧИ, ВНИМАВАЈТЕ: На патот Катланово – Велес постои опасност

ВОЗАЧИ, ВНИМАВАЈТЕ: На патот Катланово – Велес постои опасност

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, но поради влажните коловози и можноста од појава на одрони, возачите се повикуваат на зголемена внимателност, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Посебна претпазливост се препорачува на патниот правец Катланово – Велес, каде што постои опасност од одрони, особено на делниците што минуваат низ клисури и речни долини.

Според информациите од АМСМ, интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Покрај делницата Катланово – Велес, зголемено внимание се препорачува и на патните правци Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На патот Кичево – Охрид, поради градежни активности на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации и соодветно поставена сообраќајна сигнализација.

Изменет режим на сообраќај има и на делницата Калишта – Радожда, кај месноста Елен Камен, каде што возилата се пропуштаат наизменично по една сообраќајна лента.

Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на движење според условите на патот, да ја почитуваат поставената сигнализација и да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата.