Непознато лице рано утринава фрлило молотов коктел врз познат ресторан во белградската населба Сењак, по што избувнал пожар.
Според информациите што ги објави српски „Курир“, нападот се случил околу 5 часот наутро, кога непознатиот напаѓач фрлил запалива направа кон угостителскиот објект.
Во моментот на инцидентот во ресторанот имало работник од обезбедувањето, кој веднаш реагирал и успеал да го изгасне огнот пред да се прошири.
Благодарение на неговата брза интервенција, било спречено понатамошно ширење на пожарот.
По инцидентот била повикана полиција, која извршила увид на местото на настанот.
За случајот е известено и надлежното јавно обвинителство, а засега не се соопштени информации за идентитетот на напаѓачот и мотивите за нападот.
Нема објавени информации за повредени лица.








