Во селото Габревци, Општина Конче, вчера се случи трагичен инцидент за време на лов. 46-годишниот Ј.П. бил погоден со истрел од ловечка пушка од страна на М.Б. (40), кој од небрежност испукал куршум, со што Ж.П. добил повреди во стомакот и раката.
Повредениот веднаш бил качен во патничко возило од М.Ј. и Љ.М., со цел да биде однесен на Итна медицинска помош во Радовиш. На патот, на местото викано Дедински Чаири, лекар од итната помош констатирал смрт.
Во врска со инцидентот, полицијата уапсила 11 лица поради незаконит лов, а од нив М.Б., Љ.М. и Г.К. се задржани во полициската станица во Радовиш. Против М.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за убиство од небрежност, додека по целосно документирање на случајот ќе следат и пријави за незаконит лов против сите учесници.
Од сите инволвирани се одземени ловечки пушки и муниција, а дополнително е извршен претрес во домот на М.Б. со судска наредба.

















