ПРВ.мк
Македонија

-34 кг за 18 недели: Шеф Никола од „Брза кујна“ откри како ја постигна неверојатната трансформација!

-34 кг за 18 недели: Шеф Никола од „Брза кујна“ откри како ја постигна неверојатната трансформација!
Escape

Никола Мишковски, познатиот готвач од „Брза кујна“, ги импресионираше сите со своето неверојатно слабеење. Со голема посветеност и промена на животниот стил, тој успеа да симне цели 34 килограми за само 18 недели!

„-34 килограми за 18 недели. Телото се менува, карактерот се гради. Борбата вреди!“ – напиша Никола покрај серијата фотографии „пред и потоа“ кои јасно покажуваат колку се трансформирал.

Во видеа од своите тренинзи, Никола споделуваше мотивирачки пораки: „Секоја капка пот е чекор поблиску до целта. Пред неколку месеци бев друг човек – истото тело, но без енергија, сила и самодоверба. Денес не само што симнав килограми, туку ја вратив контролата над својот живот. Тешко е, но секој тренинг и секој избор те гради. Ова не е само трансформација на телото, туку борба за подобра верзија од себе. И сè уште не сум завршил – ова е само почеток! Големо БЛАГОДАРАМ до сите кои ме мотивираа!“

Погледнете ја неговата неверојатна промена и инспирирајте се!

Mia Home Mavrovo