Изминатиот викенд на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје поминал во знакот на најубавите вести – се родиле вкупно 32 бебиња.
Од Клиниката ја споделија радосната вест и упатија честитки до родителите, а на новороденчињата им посакаа среќно детство и убави животни приказни.
„Најголемата радост кај нас доаѓа од најмалите“, порачаа од ГАК.










