ПРВ.мк
Македонија

32-годишна жена пријавила насилство, осомничениот сам се појавил во полиција

32-годишна жена пријавила насилство, осомничениот сам се појавил во полиција

Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила во полиција дека била физички нападната од своето момче пред зградата во која живее, во населбата Блок 70.

Според информациите од СВР Тетово, жената го пријавила случајот ноќеска околу 01:10 часот, наведувајќи дека нападот се случил претходниот ден околу 18:30 часот.

Утрово, осомничениот Б.И. од Тетово сам се појавил во полициска станица, каде што се пријавил.

Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Напомена: Лицето е осомничено во рамки на тековна постапка, а за неговата евентуална вина ќе одлучува надлежен суд.