Македонскиот мозок е најсилен во Европа! Додека сите зборуваат за спорт, нашите математички генијалци направија подвиг кој ќе остане запишан во историјата. На првата Европска математичка олимпијада (ЕМО 2026) во Литванија, македонското знаме се вееше највисоко благодарение на неверојатниот успех на нашиот тим!
Дамјан Давков – Апсолутен шампион! Младиот генијалец Дамјан Давков буквално ги „збриша“ конкурентите, освојувајќи максимални 44 поени. Со овој резултат, тој е официјален победник на олимпијадата, делејќи го првото место со претставник од Казахстан. Но, тој не е единствениот херој – нашиот тим се враќа со полни раце медали:
- Дамјан Давков – ЗЛАТО и прво место во Европа!
- Ивано Божиновски – СРЕБРО за Македонија!
- Леонид Тодороски – БРОНЗА со златен сјај!
Зад нас ги оставивме светските велесили! Македонија го освои неверојатното 6-то место во екипен пласман, оставајќи зад себе далеку поголеми и побогати држави. Нашите момчиња покажаа дека знаењето е нашата најсилна валута. Под водство на Илија Јовчески и Лука Хаџи Јорданов, оваа шестчлена екипа стана страв и трепет за европските математичари.
Овие момчиња од МИГ-Скопје и „Јахја Кемал“-Струга се вистинските ѕвезди на кои треба да се гордееме. Поклонете се пред новите европски шампиони!









