ПРВ.мк
Македонија

ПОЖАРЕН АЛАРМ ВО МАКЕДОНИЈА: За едно деноноќие избувнале 20 пожари - еве со кои се борат пожарникарите!

ПОЖАРЕН АЛАРМ ВО МАКЕДОНИЈА: За едно деноноќие избувнале 20 пожари - еве со кои се борат пожарникарите!

Во последното деноноќие на територијата на земјава биле регистрирани вкупно 20 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.

Според состојбата до 07:30 часот на 20 септември, нема активни пожари. Еден пожар е ставен под контрола, додека останатите 19 целосно се изгаснати.

Пожарот кој сè уште е под контрола се наоѓа на подрачјето меѓу општините Македонски Брод и Сопиште. Огнот избувнал во близина на селото Белица, во месноста „Кајорец“, а потоа се проширил во правец кон Јасен. Зафатена е нискостеблеста и мешана шума.

Во изминатите 24 часа пожари биле пријавени и во Куманово, Битола, Струга, Чешиново-Облешево, Ново Село, Струмица, Долнени, Прилеп, Кривогаштани, Илинден, Крушево, Ресен, Липково, Ѓорче Петров и Тетово.

Најголем дел од пожарите зафатиле ниска вегетација, стрништа, отпад и депонии, додека во неколку случаи биле опожарени и шумски површини.

Центарот за управување со кризи повторно упатува апел до граѓаните да бидат особено внимателни и одговорни при престој и движење на отворен простор. Посебно се апелира на внимателност при користење оган, со цел да се спречи избувнување и неконтролирано ширење на пожари.