ПРВ.мк
Македонија

Голем шумски пожар, огнот се шири на непристапен терен

Голем шумски пожар, огнот се шири на непристапен терен
Escape

Шумските предели во селата Лојане и Ваксинце се зафатени од голем пожар што се шири по непристапен терен, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК). Горат нискостеблеста шума и сува трева, а теренот е недостапен за противпожарни возила.

Екипи од Шумско стопанство Куманово во утринските часови се обиделе рачно да го изгаснат пожарот, но околу 13:00 часот морале да се повлечат поради сложените услови. Од РЦУК велат дека состојбата е сериозна и се следи во координација со надлежните служби.

Mia Home Mavrovo