ПРВ.мк
Свет

Повик од Ватикан: Папата упати силна порака кон Иран и Израел

Повик од Ватикан: Папата упати силна порака кон Иран и Израел
Escape

Папата Лав Четиринаесети упати повик до Иран и Израел да ја отфрлат логиката на насилство и одмазда, повикувајќи ги да изберат дијалог и дипломатија како пат кон мирот. Во својата неделна аудиенција, тој изрази загриженост, но и надеж дека ќе се најде решение за крвавите конфликти што ја потресуваат регионот.

Цитирајќи ја Библијата, папата нагласи дека „ниедна нација не смее да се крене против друга“ и ги повика двете страни да ги залечат раните и да се обединат во потрага по мир. Тој исто така изрази солидарност со жртвите од нападот врз Грчката православна црква во Дамаск и ја повика меѓународната заедница да ја поддржи сириската иницијатива за помирување.

Со овие зборови, Папата Лав Четиринаесети повторно ја истакна важноста на мирот и разбирањето како основа за иднината на Блискиот Исток.

Mia Home Mavrovo