ПРВ.мк
Македонија

15-годишник украл автомобил во Велес, завршил во бетонски ѕид – случајот добива правна разрешница

15-годишник украл автомобил во Велес, завршил во бетонски ѕид – случајот добива правна разрешница

Петнаесетгодишен малолетник од Велес е приведен откако, според информациите од полицијата, противправно одзел патничко возило „Опел“ со велешки регистарски таблички, сопственост на 63-годишен велешанец.

Инцидентот се случил на улицата „Алексо Демниевски“, каде што малолетникот, управувајќи со возилото, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид. По судирот, тој го напуштил местото на настанот.

Полициски службеници набргу го пронашле и го привеле, по што во присуство на родител и социјален работник од Центарот за социјални работи во Велес бил извршен службен разговор. За случајот бил известен и јавен обвинител.

Возилото е вратено на сопственикот, а по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести