ПРВ.мк
Македонија

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УШТЕ ЕДЕН ГРАД – Водата да не се користи за пиење и подготовка на храна

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УШТЕ ЕДЕН ГРАД – Водата да не се користи за пиење и подготовка на храна

Водата од водоводот во Демир Капија привремено се забранува за пиење и подготовка на храна, поради различни резултати добиени од анализи на примероци земени од истото мерно место.

Како што информираат од ЈКП „Бошава“ – Демир Капија, примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажал дека водата не ги исполнува условите пропишани со Правилникот за вода за пиење.

Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторник од Центарот за јавно здравје – Велес покажала дека водата ги исполнува пропишаните услови.

Поради спротивставените резултати, надлежните најавуваат дека во понеделник ќе биде извршена супер анализа, која треба да даде конечен одговор за исправноста на водата.

До добивањето на конечните резултати, граѓаните се предупредуваат да не ја користат водата од водоводната мрежа за пиење ниту за подготовка на храна.

Забраната ќе остане во сила сè додека не пристигнат резултатите од дополнителната анализа, по што ЈКП „Бошава“ ќе ја информира јавноста за понатамошните мерки.