ПРВ.мк
Македонија

113 години од Тиквешкото востание: Вечен спомен за првиот крик за слобода по Илинден!

113 години од Тиквешкото востание: Вечен спомен за првиот крик за слобода по Илинден!

Со букети свежо цвеќе и длабок поклон пред споменикот на жртвите во паркот „Полана“, денеска беа одбележани 113 години од Тиквешкото востание — првиот организиран вооружен масовен отпор на македонскиот народ по Илинденското востание.

Во тие историски денови, тиквешкиот регион испиша херојски страници во борбата за слобода. Востанието траеше седум дена, а исто толку траеше и тешко извојуваната слобода во Кавадарци, Неготино и повеќе од педесет околни села кои беа ослободени од македонските востаници.

Цената на слободата беше превисока. Востанието беше крваво задушено од поробувачот, оставајќи зад себе пустош и огромна тага:

  • Над 1.000 убиени и загинати Македонци.
  • Околу 2.700 невино затворени сограѓани.
  • Над 1.000 изгорени куќи и дуќани, главно во Кавадарци и Неготино.

Овој јубилеј е потсетник за непокорот, за жртвата на нашите предци и за аманетот што го оставија — никогаш да не се заборави цената со која е платена денешната слобода.

Вечна им слава!