ПРВ.мк
Црна Хроника

ОБИД ЗА УБИСТВО ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Тинејџер брутално нападнат и избоден со нож!

ОБИД ЗА УБИСТВО ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Тинејџер брутално нападнат и избоден со нож!

Службениците на Одделението за безбедност во Херцег Нови синоќа, со брза и координирана реакција, го лоцираа и по налог на државниот обвинител го лишија од слобода малолетниот државјанин на Република Србија, поради сомнение дека извршил кривично дело убиство во обид.

На дежурната служба во Херцег Нови синоќа и било пријавено дека во близина на тврдината „Форте Маре“ едно лице здобило повреди нанесени со нож. Службениците на Брзата медицинска помош го транспортирале повредениот во Општата болница Мељине за да му биде укажана лекарска помош, по што бил утврден неговиот идентитет — станува збор за 17-годишен малолетник од Херцег Нови.

Веднаш по пријавата, полициските службеници излегле на лице место, преземале интензивни оперативно-тактички активности, извршиле увид и воспоставиле блокада на поширокото подрачје, подигнувајќи траги и материјални докази со цел пронаоѓање на сторителот. За настанот веднаш бил запознаен и дежурниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица.

Физички судир со тешки последици

Со понатамошната истрага било утврдено дека на споменатата локација дошло до физички судир меѓу повредениот малолетник и тогаш непознато машко лице, при што осомничениот му задал повеќе убодни рани во пределот на стомакот со нож, а потоа побегнал во непознат правец.

Полицијата започнала интензивна потрага низ целиот град, па набрзо во населбата Савина го лоцирала и го привела 17-годишниот државјанин на Србија. При претресот кај него бил пронајден и одземен нож со траги налик на крв.

По спроведените полициско-обвинителски активности и собраните докази, осомничениот е лишен од слобода за убиство во обид и во текот на денот, со кривична пријава, ќе биде спроведен во Вишото државно обвинителство во Подгорица.