Бојан Јовановски – Боки13 повторно ја разбуди љубопитноста кај своите бројни следбеници, откако на социјалните мрежи објави мистериозна најава со пораката „COMING SOON“, проследена со впечатлива фотографија и краток музички исечок од неговиот нов проект.
Иако засега не открива многу детали, јасно е дека Боки13 подготвува нова песна која наскоро ќе биде претставена пред јавноста. Самата најава предизвика голем интерес кај неговата публика, која веќе започна да погодува што точно подготвува еден од највлијателните шоумени во регионот.
Во изминатиот период, Боки13 бележи сериозен подем на регионалната сцена. Откако успеа да ја освои македонската публика преку своите медиумски проекти, подкасти и јавни настапи, тој сè поуспешно го гради своето присуство и во Србија. Како дел од жирито на „Hype Zvezde“, Боки13 е едно од најзабележителните лица во шоуто, а неговите настапи, ставови и сценски појавувања редовно предизвикуваат внимание во медиумите и на социјалните мрежи.





Со препознатливиот стил, харизма и способност секој свој проект да го претвори во вистински спектакл, Боки13 уште еднаш покажува дека знае како да ја задржи јавноста во исчекување. Дали новата песна ќе биде уште еден голем хит во неговата кариера, останува да видиме многу наскоро.











