По огромниот успех на првото издание, Штип по втор пат ќе биде домаќин на големиот трибјут концерт во чест на незаборавната музичка легенда Тоше Проески. На 21 август, градот ќе пулсира во ритамот на неговите безвременски хитови, во ноќ исполнета со љубов, емоции и искрена почит.
На сцената ќе застанат над 15 музички имиња, кои ќе ги изведат најубавите песни од Тоше, во чест на неговиот живот, дело и хуманост. Концертот ќе трае цели пет часа и ќе претставува вистински спектакл за паметење.
📌 Програма:
10:00 – 16:00 ч. | Дом на млади 👉 Крводарителска акција „Биди хуман како Тоше“ – секој што ќе дарува крв ќе добие бесплатна влезница и подарок-пакет.
20:00 ч. | Детски хор „Весело Штурче“ 👉 Малите ѕвездички ќе ги интерпретираат најемотивните композиции на Тоше.
21:00 ч. | Главна сцена 👉 Настапи со уникатни аранжмани и unplugged верзии на најубавите песни од Тоше.
Настапуваат: Мартинијан Кириловски, Андријана Петрушовска, Антониа Гиговска, Бени, Дани, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Атанас Петров, Марија Данева, Виолета Арсовска & Виктор Манев, Зоран Илиев, Огнен Здравковски и други, со поддршка од бендот No End & Friends.
🎤 Специјална гостинка: Александра Радовиќ 🎙 Водители: Миро Кацаров и Верица Донев
Концертот ќе има хуманитарен карактер – дел од средствата ќе бидат донирани за реконструкција на улицата „Тодор Проески“ во Крушево.
✨ Не пропуштајте вечер посветена на музиката, хуманоста и незаборавниот Тоше!