ПРВ.мк
Свет

Трамп и Зеленски од Вашингтон испратија порака: „Воените конфликти мора да запрат“

Трамп и Зеленски од Вашингтон испратија порака: „Воените конфликти мора да запрат“

Состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот лидер Володимир Зеленски во Белата куќа траеше помалку од половина час, но остави длабок впечаток со пораките за иднината на војната во Украина.

Во Овалната соба, Зеленски јавно му се заблагодари на Трамп за поддршката, нагласувајќи ја и улогата на првата дама, Меланија Трамп. Тој откри дека таа испратила писмо до рускиот претседател Владимир Путин во врска со украинските деца кои биле киднапирани.

Новинарите го прашаа Трамп дали САД планираат да ја завршат својата поддршка кон Украина. Тој одговори дека тоа никогаш не е дефинитивен крај, бидејќи, како што рече, „луѓе гинат и сакаме да го сопреме тоа“.

Трамп додаде дека верува оти и Путин сака крај на војната и најави дека Украина ќе добие одреден вид безбедносни гаранции, но не прецизира дали тие би значеле присуство на американски војници.

Американскиот претседател не ја исклучи можноста за директен состанок меѓу него, Зеленски и Путин, додавајќи дека во таков случај постои реална шанса да се стави крај на конфликтот.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape