Во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето 2026“, вечерва со почеток во 20:30 часот во Куќа на мирис и вкус ќе се одржи концерт на дуото Марко Поп Ристов од Македонија (виолина) и Исак Харачиќ од Босна и Херцеговина (виолончело).
Настанот се реализира во соработка со Локалниот музеј-галерија Кавадарци, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во внимателно подготвена програма која вклучува премиерни изведби, како и ретко изведуваната Соната за виолина и виолончело од славниот француски композитор Морис Равел.
Двајцата реномирани музичари ќе приредат вечер исполнета со врвна класична музика, нудејќи уникатно концертно доживување за сите љубители на уметноста.
Организаторите ги покануваат сите граѓани и гости на Кавадарци да присуствуваат на овој културен настан и да уживаат во пријатна атмосфера и извонредни музички изведби.







