По денешното невреме што ја зафати Општина Бутел, Кризниот штаб и општинските служби се целосно мобилизирани и работат на санирање на последиците на најпогодените локации.
Од Општината информираат дека екипите се на терен и интервенираат секаде каде што има потреба, со цел што побрзо да се отстранат штетите и да се обезбеди нормално функционирање.


За граѓаните е ставен во функција и телефонскиот број 076 202 893, на кој можат да пријават поплави, оштетувања или други последици од невремето, како и да побараат интервенција од надлежните служби.
Од Општина Бутел апелираат граѓаните да останат смирени и уверуваат дека сите пријави ќе бидат обработени, а екипите ќе интервенираат навремено таму каде што е најпотребно.







