Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот, од пладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, кој ќе донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата, поради зголемената нестабилност во атмосферата, на одделни места постои можност за изолирани појави на невреме, проследени со пообилен дожд, силни грмежи и појава на град. Ветерот ќе дува од северен правец, слаб до умерен, а повремено може да се засили во зоните на нестабилност.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината се очекуваат услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во текот на новата седмица ќе продолжи периодот на топло време. Претпладне ќе преовладува сончево време, додека попладне повторно ќе има услови за развој на нестабилна облачност со локални поројни дождови, грмежи и засилен ветер.
Метеоролозите предупредуваат дека поради големата енергија во атмосферата, на одредени места се можни поинтензивни временски процеси со пообилен дожд, силни грмежи и појава на град.









