ПРВ.мк
Македонија

Делови од Скопје утре 23 јуни, ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот

Делови од Скопје утре 23 јуни, ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот

Жителите на дел од скопската населба Драчево утре (23 јуни) ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа.

Според најавата на надлежните служби, прекинот во снабдувањето со струја ќе трае од 10:00 до 14:00 часот.

Без електрична енергија ќе бидат корисниците на улиците „Герника“ 1, 4, 5, 6, 7 и 8, како и дел од улицата „Сердарот“.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги испланираат своите обврски и, доколку е потребно, да преземат соодветни мерки поради привремениот прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Станува збор за однапред планирани активности за одржување и подобрување на електродистрибутивната мрежа, по чие завршување снабдувањето со струја ќе биде нормализирано.