Овен Викендот е идеален за одмор, домашни активности и време поминато со семејството. Во љубовта ве очекуваат убави моменти со партнерот, а заедничка прошетка или кратко патување ќе ви годи.
Бик Викендот носи мирна атмосфера и можност да ги организирате работите онака како што ви одговара. Дружењето со семејството и блиските ќе ви донесе задоволство, а вниманието насочете го и кон исхраната.
Близнаци Енергијата ќе биде на ваша страна, па лесно ќе ги реализирате плановите што сте ги замислиле. Вашиот шарм ќе биде особено изразен, што ќе ви донесе интересни средби и убави моменти.
Рак Повеќето активности ќе бидат поврзани со домот и семејството. Во љубовта, мал знак на внимание или искрен разговор ќе придонесе за уште поголема блискост со партнерот.
Лав Овој викенд е наменет за одмор и полнење на батериите, а не за нови обврски. Посветете време на себе и на работите што ве исполнуваат.
Девица Пред вас е мирен викенд кој е одличен за рекреација и дружење со блиските. Опуштената атмосфера ќе ви помогне да се ослободите од секојдневниот стрес.
Вага Основните обврски лесно ќе ги завршите, а остатокот од времето посветете го на семејството и одморот. Слободните Ваги имаат добри шанси за ново познанство или почеток на интересно дружење.
Шкорпија Можно е да добиете интересна понуда поврзана со работа или патување. Во љубовта ве очекува пријатно изненадување и можност за романтичен викенд.
Стрелец Иако ќе имате повеќе обврски од очекуваното, најдете време за одмор. Можно е повторно да се појави личност од вашето љубовно минато.
Јарец Размислувањата за кариерата ќе бидат актуелни и за време на викендот. Во љубовта, препуштете му повеќе иницијатива на партнерот и уживајте во заедничките моменти.
Водолија Дел од викендот ќе биде исполнет со обврски, но ќе успеете да најдете време и за саканите. Најважно е да ја задржите позитивната атмосфера во врската.
Риби Викендот е идеален за хоби, одмор и активности што ве исполнуваат. Доколку сте слободни, можно е интересно флертување или ново познанство кое ќе ви го разубави денот.








