ПРВ.мк
Магазин

(ВИДЕО) 90-годишен возач проби бетонски ѕид со Порше и чудесно преживеа

(ВИДЕО) 90-годишен возач проби бетонски ѕид со Порше и чудесно преживеа
Kristal

Во германскиот град Лудвигсбург, 90-годишен возач чудесно преживеа несреќа кога со својот спортски автомобил „Порше Карера ГТС“ удри во бетонски ѕид во градска гаража. Задниот дел од автомобилот го проби ѕидот и висеше над вентилациското окно, на висина од околу пет метри.

Пожарникарите интервенираа за да го извлечат мажот, кој, на среќа, не се повреди во инцидентот. Материјалната штета се проценува на околу 95 илјади евра. Причината за несреќата сè уште е предмет на истрага од страна на полицијата.

Очевидци го опишуваат настанот како драматичен момент, но среќата беше на страната на возачот кој успеа да излезе неповреден од ситуацијата која можеше да заврши трагично.

ВИДЕО

Escape