Ју Донглаи, основач и претседател на малопродажниот синџир Pang Dong Lai, воведе нешто сосема ново – таканаречени „unhappy leave“ денови, односно слободни денови кога вработените не се расположени или се под стрес 🤔
Новото правило им дозволува на работниците да земат слободен ден секогаш кога се чувствуваат незадоволни, без потреба од претходно одобрување од менаџментот.
Овој потег е дел од поширока стратегија за подобрување на рамнотежата меѓу приватниот и професионалниот живот. Ју верува дека среќен и опуштен тим значи поздрав и поуспешен бизнис, па затоа политиката доаѓа и со скратен работен ден од 7 часа и долг годишен одмор.
Што мислите вие – дали ваквото правило би функционирало и кај нас? 💭
















