Во Основно училиште на подрачјето на Драчево вчера дошло до физичка пресметка меѓу ученици, при што бил нарушен јавниот ред и мир, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата поднесена во СВР Скопје, инцидентот се случил околу 12:20 часот во училишниот двор. Во тепачката учествувале малолетник и малолетничка од една страна и друг малолетник од другата страна — сите ученици во истото училиште.
Случајот бил пријавен во полиција во 13:30 часот, а од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на причините за инцидентот.
















