ПРВ.мк
Македонија

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА МИСТЕРИОЗНАТАТА СМРТ ВО ТЕТОВО

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА МИСТЕРИОЗНАТАТА СМРТ ВО ТЕТОВО
Kristal

Тетовската јавност остана во шок по откритието на безживотно тело на млада девојка, пронајдено синоќа меѓу зградите кај Зелениот пазар, спроти Центарот за социјални работи. Случајот веднаш предизвика големо внимание и шпекулации, но Основното јавно обвинителство во Тетово денеска соопшти први информации кои внесуваат малку смиреност.

Од Обвинителството велат дека според досегашните сознанија, нема индиции дека станува збор за насилна смрт.

„Дежурен јавен обвинител изврши увид на местото каде што беше пронајдена девојката, како и во станот што таа го изнајмуваше. Се преземаат сите дејствија за целосно расветлување на случајот – детални проверки и вештачења се во тек, но првичните траги не упатуваат на насилна смрт. Наредена е обдукција и ќе се вршат распити на повеќе лица“, изјавија од Обвинителството.

Починатата е 25-годишна девојка од Косово, која студирала во Тетово. Според полициски извори на Алсат, таа паднала од зграда, а на местото на настанот е пронајдена и дрога, што дополнително го комплицира случајот.

Истражителите сè уште работат на целосно расветлување на околностите околу смртта. Резултатите од обдукцијата се очекуваат наскоро и ќе бидат клучни за конечната верзија на настанот.

Градот Тетово и студентската заедница остануваат во очекување на одговори, додека јавноста внимателно ја следи истрагата.

Escape