ПРВ.мк
Магазин

ТОМ БРЕЈДИ ПОВТОРНО ЉУБИ СВЕТСКА УБАВИЦА: По Жизел, срцето му го освои уште еден ангел на Викторија Сикрет!

ТОМ БРЕЈДИ ПОВТОРНО ЉУБИ СВЕТСКА УБАВИЦА: По Жизел, срцето му го освои уште еден ангел на Викторија Сикрет!

7

Поранешната ѕвезда на американскиот фудбал, Том Брејди, наводно повторно е вљубен, а неговата нова избраничка е една од најпознатите манекенки во светот – Кендис Свонепул, поранешен ангел на Викторија Сикрет.

Според пишувањата на американските медиуми, 49-годишниот спортист и 38-годишната јужноафриканска убавица веќе извесно време се гледаат, но се трудат својата романса да ја задржат подалеку од очите на јавноста.

По разводот со супермоделот Жизел Бундхен, Брејди повторно се поврзува со светски позната манекенка, а информациите за нивната наводна врска веќе го привлекоа вниманието на светските медиуми.

Се гледаат во тајност, а живеат во ист град

Како што открил извор за американскиот магазин „People“, двајцата живеат во Мајами, Флорида, што им овозможува почесто да поминуваат време заедно.

„Веќе извесно време се во врска. И двајцата живеат во Мајами, па тоа им одговара. Поминуваат многу време заедно“, изјавил изворот.

Друг извор тврди дека Брејди и Свонепул вложуваат голем напор нивните средби да останат незабележани.

Сепак, двајцата досега не се фотографирани заедно во јавноста, ниту официјално ја потврдиле врската.

Кендис Свонепул со години важи за едно од најпрепознатливите лица во светската модна индустрија, додека Брејди останува една од најголемите спортски легенди во американскиот фудбал.

Дали оваа наводна романса наскоро ќе добие и официјална потврда, останува да се види.

Најнови вести