Српската пејачка Јелена Карлеуша (48) го искористи своето гласачко право на вонредните парламентарни избори во Србија, а нејзиното појавување на избирачкото место привлече големо внимание.
Карлеуша пристигна во придружба на своето момче, 23-годишниот Александар Шево, кој е манекен и претприемач. Двојката се појави држејќи се за раце, а нивната возрасна разлика од 25 години повторно се најде во фокусот на јавноста.
Покрај љубовниот живот, внимание привлече и модната комбинација на пејачката.
Карлеуша носеше тесен црн комбинезон од колекцијата „Coco Neige“ на „Шанел“, чанта вредна околу 5.000 евра и крзнена капа со цена од 1.780 евра.
Пејачката веќе подолго време јавно го поддржува српскиот претседател Александар Вучиќ, а нејзините политички ставови предизвикаа бројни реакции, особено за време на студентските протести во Србија.
Таа во повеќе наврати ги критикуваше демонстрантите, поради што се соочи со негативни коментари на социјалните мрежи.
Според српските медиуми, дел од нејзините настапи биле откажани поради незадоволство кај граѓаните. Еден таков случај бил во Лучани, каде што граѓани протестирале пред планираниот концерт на пејачката, за кој наводно требало да добие 30.000 евра.
Карлеуша и пред изборите привлече внимание со моден детаљ што беше протолкуван како политичка порака.
На промоцијата на албумот на Сека Алексиќ се појави со чанта „Ермес Биркин“, на која бил истакнат заокружен број еден, што дел од јавноста го протолкува како поддршка за изборната листа на Вучиќ.
И покрај критиките, пејачката продолжува јавно да ги изнесува своите политички ставови.










