ПРВ.мк
Магазин

СВЕТСКА МАГИЈА: Дедо Мраз ја започна својата тура за пакетчиња – следете го во живо!

СВЕТСКА МАГИЈА: Дедо Мраз ја започна својата тура за пакетчиња – следете го во живо!
Kristal

На платформата Flightradar, која обично овозможува следење на авионските летови, сега може да се следи и летот на санката на Дедо Мраз. Летот со ознака SANTA1 во моментот се наоѓа над Гренланд и предизвикува големо внимание кај корисниците ширум светот.

  • Следење во живо: Над 39.000 луѓе ја следат траекторијата на санката.
  • Регистрација: HOHOHO.
  • Брзина: 485 јазли (практично 0.957 маха, речиси брзина на звукот).
  • Височина: 60.000 стапки, обезбедувајќи непречена испорака на подароците ширум светот.
  • Возраст на леталото: 1.755 години, но со беспрекорни перформанси и во оваа празнична ноќ.

Овој несекојдневен лет ја потврдува магијата на празниците и привлекува вниманието на илјадници интернет-корисници кои го следат секој потег на Дедо Мраз.

FixCredit
Escape