ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИТИЧКА ДРАМА: Петрушевски бара објаснување од Џафери за членството на неговата ќерка - еве во која фирма е вработена!

ПОЛИТИЧКА ДРАМА: Петрушевски бара објаснување од Џафери за членството на неговата ќерка - еве во која фирма е вработена!
Kristal

Во својата објава, Петрушевски ги нагласи пораките од денешната прес-конференција, истакнувајќи дека не била изнесена ниту една лага или невистина. Тој информираше дека ќерката на Талат Џафери била член на Надзорниот одбор на државната компанија ЕСМ Снабдување со топлина, во период кога СДС и ДУИ ја третирале државата како партиски плен.

Петрушевски потенцира дека не станувало збор за членство во Управниот одбор на АД ЕСМ, ниту пак за лична квалификација, туку за политичка одговорност и системска пракса на непотизам.

„Наместо обиди за релативизирање преку правни финеси, одговор треба да се даде на суштинските прашања:

– Зошто блиски роднини на највисоки функционери добивале позиции во државни компании? – Зошто СДС и ДУИ молчат за тендерите од 8 милиони евра и сомнежите за перење 2 милиони евра? – И зошто секој обид за отворање на овие теми се дочекува со деманти, а не со факти и одговорност?“

Петрушевски истакнува дека јавноста не бара извинувања, туку конкретни одговори на овие прашања. Во објавата, тој приложи и фотографии од барањето за демант на Џафери, како и од прес-конференцијата.

FixCredit
Escape